„Македонија – Бојкотира“ од Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид: Нека не следат и прислушкуваат, само да не ни го скршат духот

Макфакс

25/09/2018

13:44

2.864

Големина на фонт

а а а

Караванот на Кризниот штаб против референдумот во рамките на кампањата „Македонија-бојкотира„ имаше средби, собири и митинзи во општините Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид.

Како што велат, општ впечаток на граѓаните и говорниците е дека македонскот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија масовно се определуваат за бојкот и неизлегување на референудмот како единствена начин за одбрана на вековното македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонакиот народ и дека народот не го прифаќа капитулантскиот договор со Грција со кој се бришат Македонците од светската мапа на нации.

„Говорниците повикаа на бојкот и неизлегување на референдумот и на тој начин на 30 септември да ја сочуваме македонска Македонија. Марионетската власт е во очај и паника оти референдумот нема да успее и затоа секојдневно шират популистички лаги налик на скојдневното лажење на Заев кој кажува дека малтене на граничниот премин Табановце чекаат милијарди евра од ЕУ и само треба да го смениме името и тие пари ќе ја поплават Македонија и сите ќе бидат богати и среќни. Не му верувајте на триото Заев, Шеќеринска и Димитров оти животот во Македонија дојде само за врхушката на власт и за нивните бизниси и тие сакаат членство во НАТО оти знаат дека НАТО им го гарантира украденото на сите оние што извршија грабеж на народот“ се наведува во соопштението.

Од таму додаваат дека НАТО не го интересира грабежот, туку, како што велат, само сака послушни политичари кои ќе му служат верно.

„Не им се плашите на заканите оти после неуспешниот референдум ќе падне марионетската влада во Скопје и тие ќе немаат време да ги остварат заканите што ги упатуваат на терен спрема граѓаните да излезат на гласање. Можат да не следат, прислушкуваат, да ни се закануваат со апсења, но, да не дозволиме да ни го скршат духот, оти ако ни го убијат духот ќе ни го убијат и името. Борбата не е лесна, но немаме друт пат. Не им било лесно и нашите револуционери во минатото кои можеле да си седат дома и да не се борат. Но, така ќе ја немаше Македонија“ се додава во соопштението.

„Сите заедно, старо и младо, машко и женско на нозе се креваме да ја спречиме инсталираната власт контролирана од странски центар да избрише се што е македонско. Нашата борба е исправна, ние се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи – беше истакнато меѓудругото од говорниците на Драган Угриновски координатор на Кризниот штаб, Исмаил Бојда од Сојузот на Македонците со исламска религија, Насто Палиоски од ТОМ – 2003 и Јанко Бачев лидерот на Единствена Македонија“, стои во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг