Албански снајперисти сејат смрт по Сирија: Повеќе од 100 екстремисти од КиМ и од Македонија убиваат по Идлиб! Лидерот на групата на американската црна листа на терористи

Точка

24/09/2018

20:02

6.339

Големина на фонт

а а а

Албански снајперисти од Косово и од Македонија војуваат на страната на џихадистите во Сирија, открива експертот за Исламската држава, Мат Пакстон.

Тој во францускиот весник "Френс Соар" го објавил текстот, во кој пишува за групата албански снајперисти ангажирани во борбите во Сирија на страната на џихадистите од Хајат Тахрир Ал Шам. 

Се наведува дека првата видео снимка во која се открива постоењето на оваа група снајперисти, на 4. август оваа година ја објавила организацијата "Џемати Албан", која од порано е поврзана со исламисти од Фронтот Ал Нусра.

Снимката која трае околу 33 минути го носи името "Snajperistat Shqiptar Në Token Ë Shamit" или "Албански снајперисти од Сирија".

Снајперистите делуваат во рамките на Хајат Тахрир ал Шам, каде војуваат вкупно околу 100 Албанци.

Според пишувањето на "Франс Соар", нивниот лидер Абу Катад ал Албани е близок со Хајат Тахрир ал Шам, доминантна џихадистичка организација во сириската покраина Идлиб.

"Албанецот Абу Катад ал Албани, чие вистинско име е Абдул Јашари, е македонски државјанин и во летото 2014. година бил припадник на "Фронтот Ал Нусра", поради што во 2016. година бил ставен на црната листа на терористи составена од американското Министерство за финансии", пишува францускиот весник.

Овој дневник прецизира дека грижа не претставуваат Албанците од самата Албанија, колку тие од околината.

"Во овој контингент се наоѓаат ветерани герилци од Косово или Македонија, но подеднакво и поранешните припадници на специјални единици на албанската војска", наведува весникот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг