СДСМ: Идентитетот е обезбеден, Мицкоски има проблем со подобра иднина

Макфакс

24/09/2018

18:31

1.225

Големина на фонт

а а а

Идентитетот е обезбеден, а мнозинството граѓани се одлучни и гласаат за иднина во европска Македонија, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по денешната прес-конференција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Христијан Мицкоски покажува дека има проблем со подобра иднина и со перспективите што се отвораат пред граѓаните на Македонија. Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сакаат Македонија да успее и затоа секојдневно шират се поголеми лаги. Македонско-грчкиот договор го гарантира и зајакнува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност и никој веќе нема да може да ги негира или оспорува. Македонскиот идентитет станува признаен од целиот свет, вклучително и од Грција“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Владејачката партија додава дека се залудни и бесмислените обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за наводни историски фалсификати.

„Уставните промени ќе се реализираат по референдумот во духот на македонско-грчкиот договор и го гарантираат македонскиот идентитет. Децидно се повикуваме на конститутивните документи на АСНОМ, преку што се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на македонската државност“, додава СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг