Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, се уште не се напишани, ниту преговарани

Макфакс

24/09/2018

15:30

1.148

Големина на фонт

а а а

Уставите андамани не се напишани ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров, по бројните прозивки од опозицијата, Владата прецизно да ги информира граѓаните за уставните измени пред одржување на референдумот.

„Со четири амандмани ќе се интервенира во Уставот. Едниот се однесува на географската одредница Северна, која ќе се додаде кон името Македонија. Вториот се однесува на границите и се однесува тие да не се чепкаат и се гарантира неменливост на границите и немање територијални претензии. Третиот амандман се однесува за грижата за македонското малцинство во соседните земји, ќе се прошири на грижа за целата дијаспора во светот. Со четвртиот амандман ќе се интервенира во Преамбулата. Нема да се менува државно правниот наратив од Илинденското востание и заседанието на АСНОМ, до референдумот за независност од 8 септември 1991 година, туку ќе се наведат поединечно сите одлуки на АСНОМ“, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната прес-конференција.

Димитров уверува дека процесот ќе заврши до крајот на годинава и ке се обезбеди двотретинското мнозинство во парламентот и покрај јавните објави на дел од опозициските пратеници дека нема да гласаат за уставни измени.

„Колку повеќе луѓе ќе речат да, сакаме да одиме напред, сакаме да влеземе во НАТО, тоа ќе ни донесе стабилност, ќе ја завери нашата државност, ќе создаде подобри услови за успешна Македонија, толку полесно ќе биде политичкиот процес во Собранието, каде што ќе треба да се формира мнозинство од 80 пратеници. Ние ќе се обидеме тој процес, со такво мнозинство, да заврши до крајот на оваа календарска година. Ќе работиме со таква цел. Целиот процес во делот на овие 4 уставни амандмани да заврши согласно декември оваа година“ изјави шефот на дипломатијата.

Во однос на ставот на претседателот Иванов дека нема да гласа на референдумот, Димитров го искритикува коментирајќи дека тоа е срамно бегство од одговорност.

„Јас имам пред се како граѓанин, голем проблем со тоа, бидејќи само тие што ќе гласаат ќе учествуваат во одлуката за нашата иднина. Не можете да седите дома, а да влијаете врз одлуката. Ако има еден глас повеќе НЕ, против, јас сум против членството во НАТО и ЕУ прифаќајќи го договорот со Грција, ние ќе се поклониме и ќе кажеме оваа работа не поминува. Меѓутоа само тие што гласаат можат да влијаат врз таа одлука. Ако големо мнозинство од граѓаните кажат ДА, дури и да нема цензус, тоа ќе биде земено предвид, меѓутоа ситуацијата ќе се врати во Собранието на Република Македонија. Затоа да не се учествува со свој глас во ваква крупна одлука е бегство од одговорност, рече Димитров.

Министерот потенцира и повтрои делови од Договорот со Грција почнувајќи од членот 1 кој се однесува на географската одредница – дека се додава Северна кон името Македонија, како и околу терминот „државјанство“, што е дефиниција за правната врска меѓу граѓанинот и државата ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Димиторв повтори и дека јазикот ќе биде македонски,а кодовите дека остануваат МКД и МК, со исклучок на регистерските таблички.



Спонзорирани линкови

Маркетинг