Одговор на Русите на рушењето на "Il-20" ќе биде брз и жесток: Путин праќа S-300 во Сирија! Кошмар за Израел

Точка

24/09/2018

14:25

4.157

Големина на фонт

а а а

Русија во наредните две недели на Сирија ќе и го предаде современиот противвоздушен систем "S-300", потврдило денес министерството за одбрана на Русија.

Испораката на системот "S-300" е дел од одговорот во врската со соборувањето на рускиот авион "Илјушин-20". 

Во рок од две недели Русија ќе ја заврши испораката на Дамаск на системот за противвоздушна одбрана S-300, која претходно била сопрена на барање на Израел, како дел од одговорот на падот на рускиот авион при израелскиот воздушен напад на Сирија.

Дамаск овој систем го купил пред неколку години, но никогаш не бил испорачан.

"Во 2013. година, на барање на израелската страна, ја суспендиравме испораката на системот S-300 за Сирија, кој беше подготвен да се прати", се наведува во соопштението.

"Ситуацијата се промени, но не поради наша вина".

Русија ќе ја снабдува со оружје сириската страна како дел од одговорот на падот на руското летало "Il-20", на сред израелскиот воздушен напад на територијата на Сирија, соопштило руското министерство за одбрана.

Потсетуваме, министерството за одбрана на Русија соопштило дека на 17. септември во 23:00 часот по московско време е изгубена врската со рускиот авион "Il-20", кој се враќал во авио-базата Хмејмим.

Според податоците на Министерството за одбрана на Русија, криејќи се зад рускиот авион, израелските пилоти го изложиле на напад на сирскиот ПВО. Авионот бил соборен од системот Es-200, при што загинале 15 руски војници.




Спонзорирани линкови

Маркетинг