Пирати нападнале брод кај Нигерија, киднапирани се 12 членови на екипажот

Макфакс

23/09/2018

15:07

2.463

Големина на фонт

а а а

Вооружени пирати нападнале брод во близина на брегот на Нигерија и киднапирале 12 членови на екипажот. Станува збор за брод во сопственост на швајцарската компанија Масоел Шипинг.

На бродот во моментот на нападот се наоѓале 19 членови на екипажот, а од компанијата не ја откриваат нивната националност. Меѓутоа швајцарското Министерство за надворешни работи порача дека ниту еден член на екипажот не е од Швајцарија.

,,Компанијата соработува со властите и со стручњаци со цел да се обезбеди брзо и сигурно ослободување на екипажот”, се вели во изјавата на компанијата.

Бродот превезувал пченица, а пловел меѓу Лагос и Порт Харткоурт. Киднапирањата за откуп се чест проблем во делови на Нигерија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг