Четири пациентки од Европа заболеле од рак од дониран орган

Макфакс

23/09/2018

14:17

1.044

Големина на фонт

а а а

Доктор Фредерике Бемелман, професорка по нефрологија на Универзитетот во Амстердам и автор на извештајот, вели дека ова е ,,исклучително редок случај”, прв со која се соочила за 20 години работа во областа на трансплантационата имунологија. ,.Секогаш постои мал ризик за нешто да тргне наопаку за време на медицинската процедура”, рече таа. Дури и ако сте подложени на едноставна процедура на жолчното ќесе, исто така имате мала шанса нешто да ви се случи за време на постапката. 53-годишниот донатор немал знаци за ваква болест, ниту лекарите знаеле дека има малигни клетки, кога биле донирани неговите бубрези, бели дробови, црниот дроб и срцето. Тројца од примателите на органите починале по метастазирањето на ракот. Четвртиот преживеал по серија третмани, вклучувајќи отстранување на донираниот десен бубрег, запирање на лекови за имуносупресија – стандардни лекови по трансплантациите за да се избегне отфрлање на новиот орган и хемотерапија. Во нејзиниот извештај, Бемелман нагласува дека кога ќе се појави рак од донатор, многу е корисно да се отстрани донаторскиот орган. ,,Ова му овозможува на пациентот да престане да зема имуносупресивни лекови, а имунолошкиот систем може да се врати и да се бори против туморските клетки”, рече таа.

Доктор Фредерике Бемелман, професорка по нефрологија на Универзитетот во Амстердам и автор на извештајот, вели дека ова е ,,исклучително редок случај”, прв со која се соочила за 20 години работа во областа на трансплантационата имунологија.

,.Секогаш постои мал ризик за нешто да тргне наопаку за време на медицинската процедура”, рече таа. Дури и ако сте подложени на едноставна процедура на жолчното ќесе, исто така имате мала шанса нешто да ви се случи за време на постапката.

53-годишниот донатор немал знаци за ваква болест, ниту лекарите знаеле дека има малигни клетки, кога биле донирани неговите бубрези, бели дробови, црниот дроб и срцето.

Тројца од примателите на органите починале по метастазирањето на ракот. Четвртиот преживеал по серија третмани, вклучувајќи отстранување на донираниот десен бубрег, запирање на лекови за имуносупресија – стандардни лекови по трансплантациите за да се избегне отфрлање на новиот орган и хемотерапија.

Во нејзиниот извештај, Бемелман нагласува дека кога ќе се појави рак од донатор, многу е корисно да се отстрани донаторскиот орган. ,,Ова му овозможува на пациентот да престане да зема имуносупресивни лекови, а имунолошкиот систем може да се врати и да се бори против туморските клетки”, рече таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг