"Никому не му треба уште едно дете со Даунов синдром": Ја навредила бремената актерка во живо на телевизија, а потоа следел брутален одговор

Точка

21/09/2018

19:29

4.484

Големина на фонт

а а а

Руската актерка Евелина Бледанс во текот на гостувањето во една ТВ програма физички нападнала жена која седела во публика и која ја критикувала што добила дете на 49 години.

Бледанс која е трудна со третото дете, гостувала во една програма во која зборувала за тоа како изгледа бременоста во петтата деценија од животот, пишува "Daily Mail".

Во текот на разговорот, една жена која седела во публика ја обвинила Евелинa дека го загрозува здравјето на своето неродено дете, нагласувајќи дека актерката веќе има син со Даунов синдром.

"Опасно е да раѓате помеѓу 35 и 40-тата година, а камоли кога имате 49 години. Што си мислевте? Дали сакате да родите уште едно болно дете? Дали ќе родите уште едно дете со Даунов синдром? Никому не му треба уште едно такво дете, ниту на вас ниту на општеството", изјавила Елена Лебедева во програмата во живо.

Евелина пробала мирно да ја прекине Елена, но безуспешно. Поради тоа, таа станала и дошла до жената која седела во публика додека еден од гостите пробал да ја вжешти ситуацијата, велејќи ѝ на Елена веднаш да го напушти студиото.

Бесната мајка ѝ кажала на жената дека "може да зборува што сака за неа, но треба да ги остави нејзините деца на мира", а потоа ѝ мавнала шамар.

Нејзиниот син Семијон е роден во 2012 година и има Даунов синдром, додека нејзиниот 24-годишен син Николај моментално живее во Израел. Актерката сега очекува девојче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг