Ја одвоиле од братот пред 34 години, а во џебот ѝ оставиле само писмо и молба: Емотивна средба на најблиските која ќе ви ја распарчи душата!

Точка

21/09/2018

19:01

6.801

Големина на фонт

а а а

Џастин Крагт имал само две години кога е пронајден сам и напуштен како плаче пред театарот во Сеул, во Јужна Кореја.

Неколку километри подолу, пред една продавница, најдено е 4-годишно девојче. Во џебот имала само писмо во кое пишувало дека нема родители и молба да ја однесат до најблиската полициска станица.

Тоа било во далечната 1984-та година. Со текот на времето, двајцата биле посвоени од различни семејства и тоа во Америка.

Џастин растел во Орегон со уште 4 деца, додека неговата сестра Рене Аланко, ја посвоил пар од Калифорнија.

Не знаеле еден за друг, а всушност и воопшто не знаеле дека се брат и сестра.

Денес, во 30-тите години од животот, тие дознале еден за друг, благодарение на ДНК тестирањето "23andMe". Џастин на тестирање бил во 2014-та година, за да ги пронајде роднините во Кореја, а Рене се тестирала ова лето. Биле шокирани кога се покажало дека во САД се имаат еден со друг.

Минатата недела прв пат се сретнале во живо, Рене дошла во Орегон. Средбата била премногу емотивна, полна со солзи и прегратки.

Таа отсекогаш знаела дека има брат, но била премала за да може да се сети на сѐ. Џастин пак, бил премногу мал за да знае дека има сестра.


"Секога кога знам дека од Џастин ме дели само еден меил, повик или лет со авион, навистина поинаку гледам на животот", рекла Рене.

Тие рекле дека животот засекогаш им се променил од кога дознале еден за друг. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг