Поради првообвинетите сме во притвор, а тие се дома, се налути обвинет за 27 април

Макфакс

21/09/2018

15:56

5.068

Големина на фонт

а а а

Вилијам Михајловски, кој е еден од обвинетите за 27 април, побара домашен притвор. Тој е лут дека првообвинетите се во домашен притвор или имаат мерки на претпазливост, а тој со уште десетмина други обвинети повеќе од една година се во затворски притвор.

„Поради нив сме на обвинителна клупа. Протестирав 60 дена мирно, без инциденти. Верувам дека така ќе беше и тогаш ако не нè пречекаа со отворени врати од Собранието. Нема да бегам, имам намера да докажам дека не сум виновен, планирам да си се оженам и немам намера да бегам“, рече обвинетиот.

По паузата, од судницата беше отстранета Јагода Трајковска, мајка на еден од обвинетите, бидејќи ја навредувала и со погрдни зборови вербално ја нападнала новинарката која сведочеше за настаните во Собранието.



Спонзорирани линкови

Маркетинг