УЕФА отвори дисциплинска постапка против Роналдо

Точка

20/09/2018

15:48

2.180

Големина на фонт

а а а

Европската фудбалска куќа денес отвори дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо кој синоќа на дуелот против Валенсија доби директен црвен картон.

Поради директниот црвен картон, Португалецот може да се соочи со суспензија од неколку натпревари, а дисциплинската комисија при УЕФА ќе донесе одлука за неговиот случај за време на состанокот закажан за во четврток.

Роналдо автоматски е казнет со суспензија од еден натпревар, што значи дека ќе го пропушти следниот дуел на Јувентус против Јанг Бојс, но доколу УЕФА одреди повисока казна која може да биде и до три натпревари, тоа значи дека Португалецот ќе ги пропушти и дуелите против Манчестер Јунајтед.

Сепак, поради тежината на прекршокот, не се очекува УЕФА да му додели суспензија поголема од еден натпревар.