Смртоносна олуја дивее низ Европа: Двајца загинати, илјадници без струја во Британија

Точка

20/09/2018

10:45

3.121

Големина на фонт

а а а

Најмалку две лица загинале, а илјадници домаќинства останале без струја во налетот на олујата Али која погодила делови од Велика Британија.

Една жена загинала кога нејзиниот автомобил бил турнат од ветерот од карпа во Ирска, додека во Северна Ирска загинал маж на кој паднало стебло. 

Како што јавува "BBC", неколку лица биле повредени.

Во Шкотска надлежните служби цела вечер работеле на расчистување на железничката пруга, додека во Северна Ирска инженерите се обидувале повторно да воспостават нормално снабдување со струја.

Жолт метеоаларм бил објавен за некои делови на Англија и Велс, каде денес се очекуваат силни ветрови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг