Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на седницата на Мешовитиот парламентарен комитет

Макфакс

20/09/2018

11:07

5.417

Големина на фонт

а а а

Во Собранието на РМ вчера со бурен старт започна седницата на мешовитиот парламентарен комитет.

Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката од грчката партија, Нова Демократија, Марија Спираки која од говорницата истакна дека таа никогаш нема да го признае постоењето на македонската нација и македонскиот јазик.

На оваа изјава не остана рамнодушен копретседателот на комитетот, пратеникот Горан Милевски од ЛДП кој и возврати дека не се наоѓаме во 1918 година.

„Првата светска војна заврши пред 100 години сега сме 2018 година поделбите, негирањата се завршени. Јас сум Македонец и стојам пред вас не сум фикција, зборувам македонски јазик, не кинески. Прифатете ја реалноста подобро е за вас“, рече Милевски.

Кавгите продолжија и помеѓу претставниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците Антонио Милошоски и Зоран Илиоски обвинија за притисок врз јавната администрација во пресрет на референдумот, како и корупција на владата, на што Жаклина Лазаревска им возврати дека манипулираат и изнесуваат невистини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг