Ракометари на Гранољес загинаа во сообраќајна несреќа

Макфакс

19/09/2018

16:00

1.465

Големина на фонт

а а а

Двајца ракометари на ракометниот клуб Гранољес загинале, а други двајца биле повредени во сообраќајна несреќа, што се случила во областа Валгоргуина. До несреќата дошло кога автомобилот во кој биле ракометарите на Гранољес се судрил со камион.

Во несреќа, загинале 19-годишниот Марти Гарсија, кој го управувал автомобилот и Хавиер Фуентес кој бил на совозачкото седиште.

Повредени во несреќата се Пау Наваро и Оскар Олер, поранешен играч на клубот. Според „Мундо депортиво“, Наваро се здобил со тешки повреи и неговата состојба е критична.

Поради трагичната несреќа клубот ги откажал сите активности планирани за денес и утре.



Спонзорирани линкови

Маркетинг