Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел врз одлуката

Макфакс

19/09/2018

13:41

2.911

Големина на фонт

а а а

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата за оценување на уставноста, која денеска беше отфрлена од Уставниот суд. Вaквата одлука за него е срамна и ја погазува правната држава.

– Срамен ден за владеење на правото, ова е политичка одлука на судиите. Да се испита можното сценарио кое дел од судиите го кажа, дека судии биле повикани на разговори, да видиме кој ги повикал и им влијаел? Ние остануваме на ставот за бојкот, рече Апасиев.