Преплашени, изгубени, мокри и немоќни: Ураганот Флоренс за овие животни е поголема катастрофа од тоа што можеме да си замислиме

Точка

19/09/2018

08:48

2.421

Големина на фонт

а а а

Катастрофалните поплави кои ги создал ураганот Флоренс не ги погодуваат само луѓето, кои во главно имале шанса да се евакуираат на време. Голем број на животни преплашени лутаат по поплавените делови на Северна и Јужна Каролина, обидувајќи се да најдат спас на барем мало место сува површина.

Сепак, спасувајќи луѓе, спасувачките служби успеваат да им помогнат и на некои од животните кои не можат да разберат каква опасност ги снашла. За жал, многу неодговорни сопственици заборавиле на љубовта кон своите миленици и ги препуштиле на судбината во незапаметените поплави. 

Фотографијата која го обиколила светот и на која никој не останал рамнодушен прикажува мокро и преплашено маче, кое со канџите одвај се држи на ивицата од куќата додека водата влегува.

Мачето било спасени и изнесено од водата, но најавите дека во наредните денови водата ќе расте повеќе, не влева многу надеж за напуштените животни.

Меѓу спасените животни се нашол и еден преплашен див зајак. Спасувачите со чамец го донеле до безбедна локација и го пуштиле во дивината.

Многу животни биле спасени благодарение на човекот кој го претворил својот училишен автобус во еден вид на Ноева арка и собирал напуштени мачки и кучиња кои се нашле на патот на смртоносниот ураган.




Спонзорирани линкови

Маркетинг