Четири начини на кои го возбудувате, а не сте свесни

Точка

18/09/2018

21:41

6.154

Големина на фонт

а а а

Вниманието на мажите можете да им го привлечете на разни начини. Иако мислите дека посилниот пол го возбудува само долната облека и провокативни фустани, се лажете.

На мажите им се привлечни и многу несексуални работи, кои можеби несвесно ги правите. Со овие пет работи сигурно ќе го освоите:

1. Заводливо шепотење

Кога разговарате за некоја сензуална тема, обидете се да му се доближите, немојте гласно да зборувате и почнете заводливо да шепкате. Тој трик го користела Мерлин Монро, па така знаеме дека е проверен и возбудлив.


2. Вашата "машка" страна

Иако во некои моменти ќе му одговара доминацијата и улогата на маж, во која ве прегрнува додека плачете, но на повеќето мажи претераната осетливост, после некое време почнува да им оди на нерви. Затоа, понекогаш стиснете ги забите и покажете дека покрај ранливата, имате и вистинска силна страна, со која ќе предизвикате воодушевување и почит од негова страна.

3. Црвена облека

Овде не зборуваме за разголени здолништа, туку за било каква дневна комбинација во бојата на љубовта. Тоа може да биде и елегантен долг комбинезон или лелеав фустан до колена. Докажано е дека токму црвената боја на машките им привлекува најголемо внимание.


4. Облини

Самодовербата и прифаќањето на самата себе, токму таква каква што сте, ќе ве направи моментално привлечни. Ниту едно машко сигурно нема да ги примети оние два килограми вишок на вашето тело, кои вие ги гледате. Сакајте го вашето тело и не се обвинувајте премногу. Тој сигурно нема да ве обвини за тоа.  



Спонзорирани линкови

Маркетинг