Бабата починала, внучето го ваделе од под возило на булевар Србија

Нетпрес

18/09/2018

12:17

6.843

Големина на фонт

а а а

Синоќа на булеварот Србија во скопската населба Ново Лисиче се случи тешка сообраќајка, кога комбе со велешки регистарски таблички на пешачки премин прегази три лица – дете, баба и дедо.

Како што јавија денеска повеќе домашни портали, бабата, за жал им подлегнала на повредите и починала, а детето минало со тешки телесни повреди, потрес на мозок и скршена рака. Сведоци на несреќата раскажале дека детето морале да го вадат од под возилото, по што повредените биле пренесени во Ургентниот центар.

Трите лица минувале на пешачки премин, кога биле прегазени од комбето кое најверојатно возело со огромна брзина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг