Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, утре во посета на Македонија

Макфакс

17/09/2018

17:55

1.204

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас, на 18 и 19 септември 2018 година, ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Во рамките на посетата, утре германскиот шеф на дипломатијата ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров. 

„Мас доаѓа во возвратна посета на Република Македонија по јунската средба со Димитров во Берлин, и тоа 10 дена по историската посета на канцеларката Ангела Меркел на 8 септември годинава, што претставува дополнителна потврда на активната и недвосмислена поддршка од СР Германија во насока на остварување на нашите стратешки цели – полноправно членство во ЕУ и НАТО“, соошти МНР..

На средбата министрите Димитров и Мас ќе разменат мислења за најновиот развој на внатрешнополитичките состојби во Република Македонија, реформската ЕУ и НАТО-агенда, регионалната соработка, како и за подготвителните активности поврзани за успешна реализација на референдумот на 30 септември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг