Сари даде прва прогноза за титулата во Премиер лигата

Дерби

14/09/2018

18:43

1.158

Големина на фонт

а а а

Маурицио Сари има перфектен старт на сезоната во Премиер лигата пред првенствениот меч со Кардиф, а сега новиот менаџер на Челси ја искористи денешната прес-конференција за да ја даде својата прва прогноза за тоа кои се најсилни тимови во лигата.

Досега италијанскиот стручњак вешто ги избегнуваше овие прашања и порачуваше дека премногу рано е да се даваат било какви прогнози, но сепак денеска посочи дека главни ривали за титулата на Челси се Манчестер Сити и Ливерпул.

– Од тоа што го видовме до овој момент, мора да кажам Манчестер Сити и Ливерпул. Но, за да се држиме блиску до нив, мислам дека ни е потребен уште еден искчекор во нивота на играч. Навистина тешко е да се предвиди нешто точно уште отсега. Минатата година разликата беше 30 бода, но оваа година нема да биде така. Можеме да се подобриме и сигурно ќе го направиме тоа, – порача Сари кој во потесниот круг на кандидати за титулата не ги вмеша Јунајтед, Тотенхем и Арсенал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг