Министрите Рот и Димитров пред празен Антички театар зборуваа за референдумот

Макфакс

14/09/2018

16:54

376

Големина на фонт

а а а

Референдумската кампања на Владата денес продолжи со дебата во Античкиот театар во Охрид, но пред празни трибини. Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, министерот за Европа при германското МНР, Михаел Рот, и заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, говореа пред 20-ина лица.

Меѓу присутните седнати во публиката беа и пет лица вработени во општинската администрација заедно со градоначалникот Јован Стојаноски, но и вработени во Министерството за животна средина. Освен нив, на трибините во Античкиот театар беа и истакнати членови на СДСМ Охрид. Настанот беше најавен како дебата со младите, но присутните беа главно возрасни граѓани.

Илија Пиперкоски, шеф на кабинетот на градоначалникот на Охрид, Хавза Реџеп, вработена во Општината, Влатко Врагоски, Мила Василева и Наташа Смилеска од одделението за односи со јавност, заедно со Дејан Паноски од Министерството за животна средина во подрачната единица во Охрид, беа дел од публиката што ги слушаше говорите на министерите.

На трибината Михаил Рот од германското МНР изјави дека Македонија испишува историја не само национална туку и европска. Тој вели дека ги охрабрува граѓаните да ја прифатат историската шанса и да го поддржат договорот со Грција.

„Сакаме да го олесниме начинот на кој вашите граѓани може да дојдат и да работат во Германија, но сепак за тоа постои режим воспоставен во рамките на ЕУ и шенгенската зона“, изјави Рот.

На повикот за гласање на референдумот се надоврза и министерот Никола Димитров, кој повтори дека се зачувува македонскиот јазик, но и дека Заев во Европскиот парламент зборувал на мајчиниот јазик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг