Ахмети на средбата со Мичел: Благодарни сме ѝ на Америка, ние сме на прагот на НАТО и ЕУ

Макфакс

14/09/2018

12:46

963

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денес во Скопје се сретна со американскиот помошник државен секретар, Вес Мичел и амбасадорот на САД, Џес Бејли.

„Високиот претставник од Соединетите Американски Држави ја поддржа евроатланската перспектива на Македонија и регионот. Ахмети изрази голема благодарност за придонесот на Соединетите Американски Држави за слободата, мирот и демократизацијата не само во Македонија, туку во цела Југоисточна Европа. Постигнатиот успех во овие две децении е заеднички и се заокружува со спроведувањето на Договорот од Преспа и интеграцијата во НАТО и ЕУ“, соопштија од ДУИ по средбата..

Од таму велат дека Ахмети лично, но и сите од Демократската Унија за Интеграција се целосно мобилизирани и посветени на успехот на овој процес затоа што, како што велат, тоа го сакаат граѓаните на ова земја, Албанците, Македонците и сите други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг