Тачи: Нема договор без реципрочно признавање на Србија и Косово

Макфакс

13/09/2018

14:29

733

Големина на фонт

а а а

Косовскиот претседател, Хашим Тачи изјави дека нема да потпише договор со Србија, доколку тоа не подразбира реципрочно признавање, но додаде дека е скептичен кога станува збор за можностите да дојде до таков договор.

На прес-конференција, Тачи рече дека земјите од регионот ги поддржуваат преговорите помеѓу Косово и Србија и дека ќе го поддржат нивниот мировен договор.

Истакнувајќи дека постигнувањето на договорот нема да биде лесно, Тачи уште еднаш повтори дека е можна корекција на границите со Србија која би овозможила директно признавање на независноста и обединување на Прешево, Медвеѓа и Бујановац со Косово.

Според зборовите на Тачи, кога Србија ќе го признае Косово тоа ќе го направат и петте членки на ЕУ, а Русија ќе го тргне ветото во Советот за безбедност на Обединетите Нации.

Колку порано биде постигнат договор, толку ќе биде подобро за двете земји и народи, рече Тачи и напомена дека не постојат преговори помеѓу Србите и Албанците, туку помеѓу Србија и Косово.



Спонзорирани линкови

Маркетинг