Османи-Бушати: Албанија ќе ѝ помогне на Македонија на патот кон ЕУ

Макфакс

13/09/2018

14:27

706

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати.

„Двете земји добија јасна и прецизна временска рамка за почеток на преговорите со Европската Унија во јуни следната година, вклучувајќи јасни и прецизни насоки и забелешки за успешност на тој процес, што претставува дополнителен поттик за зајакнување на и онака добрата соработка меѓу двете земји“, истакна Османи.

Тој додаде дека од Бушати добил уверување дека, Албанија, како земја – членка на НАТО, ќе ја искористи оваа позиција за да ѝ помогне на земјава на патот кон нејзиното полноправно членство во северно-атлантската алијанса.

Во рамките на средбата, двајцата соговорници се согласилеактивно да ја поддржат и трилатералната иницијатива за регионот на Преспа на еврокомесарот Јоханес Хан, со која, трите земји, Македонија, Албанија и Грција, ќе ги отворат локалните граници и ќе ја поддржат програмата за заштита и развој на регионот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг