Амди Бајрам: Не сум рекол дека на Заев многу блиску ќе му биде погребот

Макфакс

13/09/2018

13:45

11.662

Големина на фонт

а а а

Пратеникот Амди Бајрам за време на протестите пред Државната изборна комисија во 2016 година пред демонстрантите порача дека погребот на сегашниот премиер Зоран Заев ќе биде многу бргу. Во тоа време Амди Бајрам беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

„На Заев многу блиску ќе му биде погребот. Многу бргу ќе му дојде погребот. Ќе лежи на Кардиологија. Ќе го удри инфаркт по неколку дена. Таму ќе му одиме на посета. Ќе му палиме и свеќа на гробишта“, велеше Бајрам пред една и пол година.

Набргу по промената на власта, пратеникот Амди Бајрам влезе во коалиција со сегашната владејачка гарнитура на СДСМ. Тој во изјава за „Макфакс“ демантира дека го кажал тоа.

„Демантирам дека сум го кажал тоа. Мислам дека тоа се само измислици“, вели Бајрам.