Мичел на средбата со Димитров изрази надеж за имплементација на договорот со Грцијa

Макфакс

13/09/2018

12:54

910

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес имаше средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел, кој престојува во работна посета на нашата држава.

Како што информираат од МНР, на средбата се разговарало за Евро-атлантските перспективи на Република Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот.

Министерот Димитров ја потенцирал важноста од натамошна поддршка на САД во евро-атлантските интеграции на Република Македонија и соработката заснована на стратешкото партнерство.

„Нашето заслужено членство во Алијансата, значително ќе придонесе кон градење на просперитетна и побезбедна Република Македонија, што ќе биде од значење и за целиот регион“, истакнал македонскиот министер.

Помошник државен секретар, Вес Мичел, уште еднаш ја реафирмирал силната поддршка на САД за полноправно членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Мичел исто така ги повторил очекувањата за успешен референдум и имплементација на Договорот со Грција, со цел заокружување на процесот на зачленување во НАТО и Европската унија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг