Фантастични и скапи: Ова се трите нови модели на Ајфон!

Точка

12/09/2018

23:57

9.585

Големина на фонт

а а а

Иако некои гласини говореа дека Apple би можеле малку да попуштат околу цените, сепак, тоа не се случи, па цената на основниот модел изнесува 1099 долари.

Apple денес ги претстави трите модели на Ајфон и новата генерација на Apple Watch, кои како и нивните претходници, се очекува да ги привлечат милионите вљубеници во оваа компаниија и нивната технологија.

После минатогодишниот модел Х со ОЛЕД екран, оваа година Apple претстави два уреди со ОЛЕД екрани – iPhone XS со 5,8-инчен екран и најголемиот iPhone досега, моделот XS Max со екран со дијагонала од дури 6,5 инчи. Покрај тоа што има екран „од раб до раб“, димензиите на овој уред се речиси исти како минатогодишниот iPhone 8 Plus кој што има екран со дијагонала од „само“ 5,5 инчи.


Тим Кук и Фил Шилер во повеќе наврати нагласија дека овие телефони се „нај“ во се, па така XS и XS Max пристигнуваат со најмоќната верзија на процесор на еден телефон, имаат најбрза автентикација и најбезбедна идентификација преку лице во однос на останатите телефони, а камерата, според Apple, е најдобра на светот.

Од Apple, кога станува збор за новите модели, посебен акцент ставија на процесорот и камерата. Новиот 7nm A12 Bionic процесор со 6 јадра е за 15% побрз во оснос на минатогодишниот процесор со кој што е опремен iPhone X. Потрошувачката е за 40% помала, а лансирањето на апликациите е за 30% побрзо.


Графичкиот процесор е за 50% побрз, што би требало да ги воодушеви гејмерите, а треба да се споменат и стерео звучниците кои што ќе дадат нова димензија при играњето игри, слушањето музика или гледањето на филмови. Унапреден е и Face ID кој има уште понапредна технологија и сензори, како и побрзи алгоритми, па телефонот се отклучува побрзо и побезбедно.

Двата модели, XS и XS Max на задната страна имаат по две камери од 12 мегапиксели со оптичка стабилизација, додека на предната страна се наоѓа камера од 7 мегапиксели. Освен самите камери, за одличните фотографии е заслужен и чипот и софтверот за обработка, па Apple при фотографирањето користи и Neural Engine за уште подобри и поквалитетни фотографии.


Батериите на новите телефони би требало да траат 30 минути подолго (XS), односно, час и пол повеќе во однос на моделот X, а ова исто така се и првите Dual SIM уреди на Apple.

Трет и најефтин Ајфон од претставените

Овој пат од Apple одлучија да претстават три телефони, а најевтин во понудата ќе биде моделот XR кој што пристигнува со 6,1 инчен Retina Liquid LCD, кој се протега од раб до раб и исто така ја користи Face ID технологијата за отклучување. Чипот „под хаубата“ е истиот кој го имаат и моделите XS/XS Max, а располага и со една камера од 12 мегапиксели која благодарение на софтверот ќе може да прави и фотографии со заматена позадина.


Најскапиот Ајфон досега

Моделот XR ќе се продава по цена од 749 долари (основната верзија со 64 GB интерна меморија), а во продажба ќе биде пуштен на 26-ти октомври. Од друга страна, веќе од 21-ви септември во продажба ќе бидат пуштени моделите XS (ќе се продава по цена од 999 долари) и најмоќниот и најскап модел досега – XS Max кој ќе се продава по цена од 1099 долари.

Apple Watch Series 4

Како и што се најавуваше, Apple ја претстави и четвртата генерација на својот паметен часовник, кој навистина, како што се најавуваше, изгледа потенок и има поголем екран кој се протега од раб до раб.


Меѓутоа, Apple очигледно не успеале да произведат батерија која што ќе издржи подолго, па четвртата генерација ќе има батерија која што исто како и кај претходниот модел, ќе треба да издржи околу еден ден.

Од Apple велат дека новиот паметен часовник е целосно редизајниран, има звучници кои се 50% погласни од претходно, а преместен е и микрофонот на другата страна.


Како и секоја нова генерација, опремен е со уште побрз процесор, а благодарение на подобрените сензори, часовникот ќе може да детектира пад и во тој случај на екранот ќе се активира “SOS” опцијата.

Новиот Apple Watch Series 4 ќе биде „интелигенте чувар на здравјето“, ќе ги следи отчукувањата и ритамот на срцето на корисникот, а ќе се продава по цена од 399 долари, односно 499 долари за уред со поддршка за LTE. Од друга страна, цената на минатогодишниот модел сега изнесува 279 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг