Средношколци брутално претепале наставничка: Побегнала во Америка да се спаси од војната во Босна, па доживеала хорор

BalkanInsight

12/09/2018

21:47

7.266

Големина на фонт

а а а

48-годишната Босанката Аида Шехиќ, наставничка во средно училиште во Њујорк, била брутално претепана од ученици. Таа поради повеќегодишното насилство одлучила да поднесе тужба против училиштето во кое работела и Министерството за образование во Њујорк.

Американските медиуми пренеле дека претепувањето на Шехиќ било всушност кулминација на долгогодишното расно, сексуално и физичко злоставување. Шехиќ рекла дека и го скршиле носот, ја удирале по грбот и ја избоделе со метално пенкало нарекувајќи ја "бела ку*ва". Истовремено, учениците барале сексуални услуги од неа. 

"Во САД дојдов бегајќи од војната во Босна и Херцеовина, мислејќи дека тука ќе бидам безбедна. Мислев дека војната ја оставив зад себе", рекла Аида која во 1990. година побегнала од Америка.

Кога претепаната наставничка одлучила да им се пожали на родителите на еден од учениците, тој рекол дека "неговата мајка ќе дојде утре и ќе ја претепа".

Аида Шехиќ вели дека неколку пати се обраќала до синдикатот за образование, управата на училиштето и полицијата, но дека ништо не било преземено.

Адвокатот на Аида Шехиќ рекол дека постапките на Министерството за образование довеле до тоа Управата на училиштето да не е способна да ја заштити наставничката од учениците, и дека учениците тоа го искористиле за да ја злоставуваат. Босанката навела дека сега има ПТСП од престојот во училницата.

Според тужбата, Шехиќ во 1999. година се вработила во средното училиште JHS 143 на Менхетн, а во 2012. година била префрлена во ново училиште во Северен Менхетн каде започнале проблемите.

"Некои деца сакаат да учат, но постојат други деца кои не им дозволуваат да научат. Таквите насилници ме нападнаа и мене", вели Шехиќ.

После тоа повторно била вратена во своето првобитно училиште, но нападните врз неа продолжиле и таму.

"Беше ужасно, беше отровно. Ова е полошо од војна бидејќи тука имате деца со кои морате да се борите", рекла Аида, а пренесува "New York Post". За работата да биде уште полоша, училиштето ја казнило Аида со 7.500 долари од платата, со закана со отказ поради неадекватно и неспособно раководење со наставата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг