Османи: Холандија е еден од најцврстите поддржувачи на Македонија

Макфакс

12/09/2018

18:27

905

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Стеф Блок. Османи истакна дека Холандија е еден од најцврстите поддржувачи на нашата земја и рече дека очекува поддршка и во овој, како што рече, клучен период за Македонија.

„Холандија претставува еден од најцврстите поддржувачи на Република Македонија и нашите интегративни процеси, но и земја со која традиционално имаме исклучително успешна соработка. Оваа поддршка секако ја очекувам и во овој клучен период за земјава“ – изјави Османи.

Тој додадека дека претстојниот референдум во моментов го окупира политичкиот фокус во државава, а присуството на Блок претставува акт на искрено пријателство.

„Како земја која долги години се наоѓа во претпристапниот процес, Република Македонија се чувствува подготвена и се согласува за т.н. ‘строг и фер’ пристап во процесот на проширување, почивајќи на фер мерит систем на вредности“, изјави Османи, потенцирајќи дека само цврста, силна и обединета Европа ќе претставува гарант за безбедноста на целиот континент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг