СДСМ: За дебата се потребни ставови, Мицкоски да каже дека е против бојкот

Макфакс

12/09/2018

16:51

1.187

Големина на фонт

а а а

Мицкоски да се охрабри, да покаже одговорност пред државата и граѓаните и исправено да каже дека е против бојкот на референдумот, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„На помалку од 20 дена од референдумот ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат јасен став дали се против бојкот на македонската иднина. Треба да му се помогне на Мицкоски. Секој кој ја сака Македонија треба да му помогне на Мицкоски, да го повика да се охрабри и исправено да каже дека е против бојкот на македонската иднина. Само така, со јасен и цврст став Мицкоски би можел да оди на дебата. За дебата се потребни ставови. Несериозно и неодговорно е се друго“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од владејачката партија порачаа дека се работи за историски моменти и неопходна е одговорност на сите политички чинители, да ја поддржат иднината на нашата татковина во ЕУ и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ упати порака до премиерот Зоран Заев дека мора да го надмине стравот и да престане да бега од дебата, откако премиерот јавно одби соочување со Мицкоски додека тој не каже дека е против бојкотирање на референдумот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг