Мицкоски: Ќе му кажам на Заев на крајот од дуелот што мислам за бојкотот

Макфакс

12/09/2018

15:48

2.228

Големина на фонт

а а а

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук му се обрати на премиерот Зоран Заев во врска со поканата за телевизиски дуел.

„Ќе му кажам на крајот од дуелот на Заев што мислам за бојкотот, тој само треба да се охрабри, да не бега од вистината и да прифати дебата. А ако се плаши и си бара изговор тоа е типично за човек што знае да витка кичма и да се однесува недостоинствено кон сопствениот народ плашејќи се да се соочи со вистината, а вистината е национално понижување, колективен грабеж, лаги и безидејност.

На дуелот нема да може да дојде медиумската армадила, под контрола на власта, ќе ги нема ниту оние партиски ширачи на невистини, кои секојдневно парадираат лажно креирајќи розева слика, ниту пак некој од надвор ќе може да го брани, тој ќе е оставен сам на себе. Веројатно затоа не го пуштаат да излезе на дуел“ напиша Мицкоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг