Тачи ги повика граѓаните на Македонија да гласаат „за“ на референдумот

Макфакс

12/09/2018

12:24

860

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Косово, Хашим Тачи по средбата со премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните на Македонија да гласаат „за“ на референдумот бидејќи тоа значело мир и за Косово.

„Косово ве поддржува да се движите напред кон зачленувањето во НАТО и ЕУ. Ги повикувам со мојот скромен авторитет сите граѓани на Македонија да учествуваат и да гласааат „за“ на референдумот. Мислам дека ова е историски момент што би требало да се искористи“, рече Тачи.

Тачи се осврна и на односите помеѓу Белград и Приштина, посочувајќи дека нема да биде лесен процесот да се донесе конечна историска одлука и да се затворат прашањата на Косово и Србија, но затоа тука е дијалогот. Тачи за време на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев оцени и дека е охрабрувачки што од границата со Косово до Скопје ќе се догради автопатот кој се градел од Косово до границата со Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг