ГДУ: Снимката со заканите од Стојановски отвораат сомнежи дека во земјата се уште незаконски се прислушува

Макфакс

11/09/2018

15:17

589

Големина на фонт

а а а

Засрамувачката содржина на видео снимката која се појави во јавноста, а од која јасно се гледа и слуша како градоначалникот на Демир Хисар им се заканува на просветните работници пред децата, велејќи им дека ги прислушува и дека знае што прават и каде одат, мора и треба да заврши со конкретни санкции, кривични и морални, порачаа од Иницијативата Граѓанско демократска унија.

„Наместо промени, животот со закани и притисоци си продолжи. Ова е пример за долго најавуваните реформи во образованието? 

Очекуваме МВР да не се обидува да го релативизира овој случај, туку целосно да го расчисти и да излезе со сите детали пред јавноста. Дали снимката е стара или нова, тоа воопшто не е важно, бидејќи не го ослободува од одговорност демирхисарскиот градоначалник. Никој во оваа држава не се чувствува безбеден. Граѓаните со право се плашат слободно да разговараат“се наведува во соопштението.

Заканите кои ги упатува Марјанче Стојановски, како што велат од ГДУ, отвораат сомнежи дека и понатаму избраните и именуваните функционери ги злоупотребуваат инструментите на државата.

„Дали во Македонија се уште незаконски се прислушуваат нашите телефонски разговори? Властите мора да не уверат дека сме безбедни, во спротивно уште долго ќе сонуваме и само ќе зборуваме за демократија . Одговорност за овој случај мора да има!“ се додава во соопштението на ГДУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг