Она што Стив Бушеми го направил по терористичкиот напад на 11-ти септември говори сè за него

Точка

11/09/2018

12:46

3.728

Големина на фонт

а а а

Освен што е неверојатен актер, Стив Бушеми е и голем човек, а тоа го докажал по терористичкиот напад кој се случи во Њујорк на 11-ти септември 2001 година.

Имено, Бушеми во осумдесеттите години бил пожарникар, а ден по нападот на кулите-близначки на Светскиот трговски центар, тој се јавил во својата стара пожарникарска единица со цел да им помогне на поранешните колеги. Актерот одработил 12-часовна смена, барајќи ги телата на загинатите со останатите пожарникари. 


Кога луѓето барале да се фотографира со нив или да даде изјава, тој жестоко ги одбивал, а по некое време одлучил да проговори за овој настан.

"Беше привилегија да го направам тоа. Чувството беше одлично кога повторно се поврзав со единицата и момците со кои работев и тоа многу ми помогна, бидејќи додека работев не размислував на сето тоа. Дури кога заправ со работа, сфатив што се случило. Сето тоа би го поднел многу потешко доколку не работев тој ден", изјавил Бушеми во една прилика.


Стив работел во единицата "Engine 55" во њујоршкиот кварт Мала Италија, а тој останал во контакт со поранешните колеги и откако станал холивудска ѕвезда.

По сето тоа, продукциската куќа "HBO" направи документарец за пожарникарите кој се нарекува "A Good Job".