Сончево и ветровито, со температура до 30 степени

Макфакс

11/09/2018

09:30

678

Големина на фонт

а а а

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а максималната од 23 до 30 степени. И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 27 степени.

Следува период на стабилно и суво време. До среда ќе дува засилен северен ветер, кој на повисоките места ќе достигнува брзина околу 80 км/час. Од петок под влијание на потопла воздушна маса ќе има пораст на дневната температура.



Спонзорирани линкови

Маркетинг