ЕХФ им пресуди, „црвено-црните“ се далеку од врвот: Вардар не е ниту меѓу десетте најдобри екипи во ЛШ

Дерби

10/09/2018

19:06

2.587

Големина на фонт

а а а

Најдобриот македонски ракометен состав Вардар изгледа многу поразлично во оваа кампања без услугите на шампионите како Арпад Штербик, Хорхе Македа, Жоан Кањелас, Лука Циндриќ, Илија Абутовиќ…, а тоа е сосема доволен показател за ЕХФ да не го смести меѓу десетте најдобри екипи во Лигата на шампионите.

Ова е прогнозата или поточно ранкингот кој го предвиде ЕХФ или поточно новинарите кои не му даваат никакви шанси за успех на овој нов Вардар под водство на Парондо. Според експертите најголеми шанси за титулата во елитното натпреварување во овој момент има актуелниот шампион Монпелје, втор е Рајн-Некар Левен на нашиот Филип Талески, додека позицијата број три е предвидена за ѕвездениот тим на ПСЖ кој од оваа кампања е предводен од Раул Гонзалес.

Во првата десетка уште спаѓаат Флензбург, Барселона, Мешков Брест, Нант на Кире Лазаров, Пик Сегед, Веспрем на Дејан Манасков и полски Кјелце.



Спонзорирани линкови

Маркетинг