Шекеринска-Столтенберг: НАТО е подготвен да ја пречека Македонија да биде 30-та земја членка

Макфакс

06/09/2018

16:19

1.032

Големина на фонт

а а а

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за време на неговата посета на Македонија, беа во посета и на Полкот за специјални операции во касарната „Илинден“.

Пред министерката Шекеринска и генералниот секретар Столтенберг припадниците на Полкот за специјални операции изведоа две показни вежби, а прикажаа и дел од боречките вештини.

За време на посетата на касарната „Илинден“, Шекеринска потсети дека повеќе од 4 000 припадници на нашата армија учествуваа во различни мисии предводени од НАТО во изминатите години.

Генералниот секретар на алијансата, Столтенберг, рече дека војниците на АРМ се добро обучени и подготвени да бидат дел од тешки операции и напори за стабилизација во многу места во светот. Тој се заблагодари за нивното учество во мисиите на НАТО и рече дека членството на Македонија во алијансата ќе биде предност за НАТО.