Кризниот штаб за бојкот на референдумот зголемен за 36 нови организации

Макфакс

05/09/2018

18:20

1.953

Големина на фонт

а а а

Триесет и шест нови организации пристапија кон Меморандумот за стратешка соработка за бојкот на референдумот што го потпишаа на 5 август 28 органзиации по што беше формиран Кризен штаб против референдумот.

Кризниот штаб против референдумот кој ќе води јавна кампања за неизлегување и бојкот на референдумот сега брои 64 организации – политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората.


Меморандумот за соработка против референдумот го потпишаа Фондот Спаси ја Библиска Македонија од Мелбурн, Меѓународната хуманитарна организација Шумкоски, Македонската радио програма – Мелбурн, Сојуз на Македонци со исламсла религија, Здружение за заштита и зачувување на српските споменици во Македонја, Македонско-руски сојуз на жени, Австралиско македонски совет за Нов Јужен Велс во кој членуваат 30 македонски организации, или вкупно 36 нови организации. 

Општ заклучок кај потписниците е дека македонскиот народ и поголем дел од граѓаните масовно ќе го бојкотираат референдумот и нема да излезат да гласат на 30 септември, бидејќи не прифаќаат промена на името и идентитетот на македонскиот народ. Координаторот на Кризниот штаб против референдумот Драган Угриновски најави дека во петок на отворен јавен собир пред Собранието ќе биде презентирана кампањата на Кризниот штаб под слоганот „Македонија-бојкотира” која ќе стартува во сабота каде ќе биде посетено секое село и град во државата.