Единствена Македонија: НАТО и ЕУ се параван зад кој властите 27 години вршат грабеж на народот

Макфакс

02/09/2018

14:44

1.084

Големина на фонт

а а а

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во вчерашните меѓупартиски препукувања продолжија со бесрамните лаги дека Македонија нема алтернатива за НАТО и ЕУ, наведуваат во соопштение од партијата Единствена Македонија.

Поради тоа, од партијата на Бачев јавно ги прашуваат лидерите на двете најголеми македонски политички партии, како створиле богат живот за себе и натрупале богатства во држава како Македонија која не е членка на НАТО и ЕУ.

„Постојано повторуваме дека народот не сака членство во НАТО и ЕУ, туку тоа го сакаат само купените и корумпирани политичари од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со чие владеење во изминатите 27 години се украдени повеќе од 15 милијарди евра. НАТО и ЕУ го гарантираат криминалот на инсталираните власти во Скопје, а кои за возврат послушно ги спроведуваат нивните погубни политики за рушење на Македонија и Македонците. НАТО и ЕУ се само параван за ненародните власти во изминатите 27 години во нивниот поход за бесмилосен грабеж на народниот имот“, се наведува во партиското соопштение.

Од Единствена Македонија подвлекуваат дека една од првите задачи на нивната легална власт ќе биде одговорност и конфискација на стекнатото богатство одземено од народот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг