Животното патување кое ме води до подобра верзија на себе

Точка

29/08/2018

13:24

4.260

Големина на фонт

а а а

Ана Думичиќ е уште една личност која го трансформира својот живот благодарение на нутриционистичката програма NuMe. Во прилог, таа зборува за своето искуство и придобивките од овој начин на исхрана. Како со NuMe до нова - Јас.

„Кога дознав дека сум добитничка на тримесечната програма NuMe, бев пресреќна, но и малку исплашена бидејќи се прашував дали ќе можам да го издржам сето тоа.

Првата недела ми беше лесна бидејќи мотивацијата ми беше на највисоко ниво, а и производите ми беа превкусни. Втората недела веќе ми беше малку потешка поради привикнувањето на помал внес на калории и одвикнувањето од тоа постојано нешто да грицкам. Веќе третата недела повторно ми стана полесно, бидејќи почнав да внесувам по еден свој оброк, како на пример риба или пилешко месо и зеленчук за ручек. Обожувам туна, пилешко месо и салати, па затоа воопшто немав чувство дека се исхранувам со посебен режим, а желбата за слатките исто така беше под контрола благодарение на производите NuMe.

[Ана: пред и потоа]

Се навикнав да јадам шест пати дневно, и не само тоа, туку се навикнав да јадам помалку и поздраво. Сега воопшто не размислувам за нездрави оброци, ниту пак имам желба да купам нешто такво од маркетите. Мислам дека погрешив со тоа што почнав да внесувам и по малку овошје во текот на топлите денови - лубеница, ананас или цреши, а тие имаат големо количество на природен шеќер.Сега го менувам тоа и се надевам дека наскоро првата дигитална бројка на вагата ќе биде 7.


Имено, за 60 дена јас намалив 8,5 килограми и 43 центиметри во обем. Процентот на телесната маснотија ми се намали од 45% на 39%, а со тоа ми се зголеми и мускулната маса од 24% на 27%. Најдобро од се е што повторно се чувствувам одлично во својата кожа и навистина имам чувство дека можам да постигнам се што посакувам.

Овие два месеци ми поминаа навистина брзо и сигурно ќе продолжам со ваквиот начин на исхрана, а додатно ќе ги зголемам и тренинзите на траката за трчање. Најдобриот момент во овој период е што јас навистина не сакам да дојде крајот на моето NuMe патување. Кај некои претходни обиди да држам диета, се што правев беше броење на деновите до крајот на диетата. Тогаш ми се појавуваше чувство на депресија и желба за одредени намирници кои не ми беа дозволени, а последователно на тоа беше и очекуваниот јо-јо ефект.

Имам чувство дека овој пат тоа нема да се случи. Мислам дека и по три месеци ќе продолжам да ги консумирам NuMe супите, слим-барчињата и шејкот од ванила кој го обожувам!“



Спонзорирани линкови

Маркетинг