Дојранското Езеро важи за туристички бисер во југоисточна Македонија, но за жал неговата состојба сè повеќе се влошува.
Доказ за тоа се и мртвите риби со различна големина кои можат да се забележат на површината на Дојранското езеро, покрај шеталиштето во непосредна близина на капачите. Впечатокот за една од најпознатите убавини на Македонија - Дојранското езеро, го надополнуваат огромниот број на отпадоци во него како пластични шишиња, суви гранки, хартии...
По којзнае којпат се наметнува прашањето дали знаеме како да го негуваме нашето природно богатство, но и дали на овој начин се привлекуваат туристи?