Запленето злато во вредност од 26 милиони евра во Италија, обвинет и познат бизнисмен: Еве каде полицијата ги пронајде скапоценостите

Точка

04/07/2025

17:41

1.924

Големина на фонт

а а а

Италијанските власти денеска соопштија дека спречиле операција за шверцување 600 килограми злато и сребро во Швајцарија, во вкупна вредност од 26 милиони евра.

Во соопштението се наведува дека 17 осомничени се изведени пред суд, а главен обвинет е познат бизнисмен од Ферара, кој заедно со соучесници се товари за нелегална трговија со благородни метали и перење пари.

Полицијата смета дека 560 килограми злато и 65 килограми сребро, идентификувани во истрагата на италијанската финансиска полиција, биле прошверцувани во Швајцарија со цел да бидат стопени, пренесе агенцијата "АНСА".


Според истражителите, благородниот метал бил набавен во Италија, најверојатно од нелегални извори.

За време на двегодишната истрага, била запленета златна и сребрена накит вреден над 220.000 евра. Драгоценостите биле скриени во буриња закопани во дворот на куќата на еден од главните осомничени.


Дополнително, на граничниот премин со Швајцарија биле запленети 100.000 евра во готовина, скриени во автомобил.

Седумнаесетте обвинети се соочуваат со обвиненија за транснационално криминално здружување, нелегална трговија со преработени благородни метали и перење пари.


Осум други лица инволвирани во истрагата веќе прифатиле спогодби за признавање вина, кои судот ги одобрил. Тие ќе платат делумна отштета која целосно ќе биде донирана во добротворни цели.