Омејер не штедеше пофалби за новиот Вардар по ремито со ПСЖ

Дерби

25/08/2018

16:20

2.363

Големина на фонт

а а а

Вардар некако успеа да прокоцка победа против ПСЖ во натпревар на кој имаше предност од шест и седум голови разлика, но сепак добро е тоа што видно изменетиот состав на „црвено-црните“ во споредба со минатата сезона и натаму може да игра рамо до рамо со најсилните европски тимови.

На крајот, мечот одигран на силниот меѓународен турнир во Стразбур заврши 33:33, а бидејќи ПСЖ предводен од Раул Гонзалес мораше да се спасува од пораз на овој меч, со навистина позитивна изјава за играта на Вардар излезе искусниот чувар на мрежата, Тјери Омејер.

– Бевме принудени да бркаме резултат во текот на целиот меч, но добро е што одигравме најдобро кога беше најважно и успеавме да избегнеме пораз. Јасно е дека треба уште да работиме, имаме уште многу работа пред нас, но се уште сме во подготовките. Исто така, воопшто не сум изненаден од Вардар. Тоа е голем клуб и секогаш е многу тешко да се игра против нив, – порача Омејер по натпреварот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг