Дали е ова доказ дека постои? Девојче го снимила чудовиштето од Лох Нес

Точка

25/08/2018

13:34

5.415

Големина на фонт

а а а

12-годишното девојче Шарлот Робинсон, на првиот ден од посетата на шкотското езеро Лох Нес, каде била на одмор со своите родители, снимила нешто многу необично.

Како што пишуваат тамошните медиуми, а пренесува британскиот "Метро", езерото е познато по приказните дека во длабочините живее чудовиштето Неси. 

"Го фотографирав она што го видов. Имаше голем врат и глава во форма на јадица со црна боја. Не знам колку беше оддалечен, беше во вода, не можев да проценам. Во еден момент исчезна, а потоа се појави но на друго место во езерото. Не се задржуваше долго. На некој начин верував дека Неси постои, но сакав некаков доказ. Отсекогаш сум го замислувала со голем врат. Знам дека видов нешто, но не знам дали тоа е тој или не", изјавило 12-годишното девојче за "Mетро".

Експертот Стив Фелтхам, кој се обидува да ја реши мистеријата од Лох Нес во изминатите 27 години, вели дека е возбуден поради оваа фотографија.

"Во водата се гледа цврсто тело и јасно е дека нешто се наоѓа во езерото. Можеби постои објаснување дека станува збор за фока, но не сум слушнал за фоки во Лох. По моето мислење, ова е поголемо од фока или видра", објаснил Стив.

Фелтхам за тамошните медиуми наведува дека ваквата фотографија ја чекале со години, како и дека таа е доказ дека езерото навистина крие тајна која треба да се одгатне.