Мафијашката драма наречена "Gotti" ја прикажува приказната за еден од најпознатите шефови на подземјето во историјата. Во првиот инсерт од филмот имаме прилика да го видиме Џон Траволта во улога на ладниот и немилосрден Џон Готи.
Филмот цели кон достигнување на традицијата на големите гангстерски филмови налик трилогијата "Godfather" или "Scarface". Приказната ја раскажува синот на Готи, Џон Џуниор, која го следи неговиот живот од детството во сиромаштија до успехот во подземјето на Њујорк.
Низ текот на годините, Готи растел под закрила на кланот Гамбино, еднo од петте големи "семејства" на њујоршката Коза Ностра. Со помош на соработници, Џон го елиминирал стариот шеф и набрзо ја презел титулата на главен човек на организацијата. Тој тогаш станал "кум" без конкуренција, како во Гамбино така и во цел Њујорк.
Џон Готи важел за еден од најшармантните личности на њујоршкото подземје, а медиумите го обожувале. Тој го достигнал врвот на популарноста кога неговиот лик, кој го насликал Енди Ворхол, се појавил на насловната страница на списанието "Time".
Но, набрзо законот го стигнал, а филмот "Gotti" дава увид и во неговиот живот во затвор, како и желбата неговиот син да излезе од семејниот бизнис. По смртта на последниот "кум" е официјално завршена епохата на њујоршката Коза Ностра.
Режисер на филмот е Кевин Коноли, додека сценариото е на Лем Добс и Лио Роси. Покрај Траволта, во филмот се појавува и неговата сопруга Кели Престон, како и Спенсер Лофранко, Пруит Тејлор Винс и Стејси Кич.