„Dogs Of War“: Македонски краткометражен филм, кој се бори за првото место на најпрестижниот натпревар за кратки филмови!

Точка

20/08/2018

21:36

7.415

Големина на фонт

а а а

Единствениот македонски филм е во трка за освојување на првото место, на натпреварот за краткометражни филмови "My Rode Reel".

Во моментов тој се наоѓа на четвртото место, од вкупно 1612 филмови, а како што рековме, тој е единствениот филм од Македонија.

„Се снимаше во Битола, кај „Музејот на Авијација“ или меѓу битолчани познато како „Кај Авионите“. Го снимавме активно 7 дена, а го планиравме цела година“, истакна за Точка, Игор Георгиоски, член на екипата.


Натпреварот трае до 5-ти септември, а со секој ваш глас ќе придонесете полесно да стигнат до првото место и вредната награда. Наградата е опрема за снимање видео и аудио, како и опрема за друга филмска продукција. Може да гласате на овој линк.

На Македонската филмска екипа оваа награда ѝ е од големо значење, бидејќи имаат во план да продолжат со снимање на цел серијал, секако, доколку имаат можност за тоа, односно доколку ја освојат оваа награда.


На членовите од филмската екипа, која учествува на овој натпревар, потребна им е нашата поддршка, со тоа што секој глас е добредојден.


Актерска екипа: Алек Ѓорѓиески, Димитар Даневски, Елизабета Јованоска

Текст и режија: Пеце Здравковски и Бојак Соклевски

Филмска екипа: Ѓорги Вацев, Игор Георгиоски, Ристо Алчинов, Христо Стојаноски, Кети Талевска, Христина Тренчевска, и Симона Јосифовска

Статисти и помошници: Христијан Српчански, Филип Каранфиловски и Ангела Српчанска



Спонзорирани линкови

Маркетинг