Милијардерот се жали дека е под голем стрес: Работи 120 часа неделно, а сега открил кога последен пат бил на одмор

Точка

20/08/2018

15:34

4.023

Големина на фонт

а а а

Творецот на електричните автомобили "Tesla" и генерален директор на истоимената компанија, Илон Маск, во новото интервју признал дека е под голем стрес и притисок, особено оваа година.

"Претходниот период беше најтежок и најболен во мојата кариера, беше исцрпувачки", изјавил Маск. 

Тој важи за ексцентричен визионер. Неговата најава дека би можел да ги откупи акциите на компанијата со цел таа да стане приватна, ја подигна цената на акциите за 11 отсто за само 24 часа, што резултирало со подигнување на вредноста на компанијата за 6 милијарди долари.

Се случувало Илон Маск да работи по три до четири дена во фабриката и воопшто да не излегува, а вели дека не зел годишен одмор подолг од седум дена од 2001 година, кога добил маларија.


Извори блиски до компанијата тврдат дека поради ситуацијата со "Tesla", тие пробуваат да најдат некој кој би му помогнал на Маск со обврските, со цел малку да го ослободат од притисокот.

Тој истакнува дека нема намера да ја напушти функцијата на генерален директор, но ако луѓето од "Tesla" сметаат дека имаат некој кој може подобро да работи наместо него, тој веднаш ќе ги "препушти уздите".



Спонзорирани линкови

Маркетинг