Поплавите однеле повеќе од 400 животи во Индија: Поради загадената вода сите стравуваат од опасни болести

Точка

20/08/2018

10:43

1.033

Големина на фонт

а а а

Со повлекувањето на водата во индиската држава Керала денес биле откриени нови жртви во најсилните монсуни во последните 100 години, со што бројот на загинати се зголемува на повеќе од 400.

Врнежите денес ослабеле, по една седмица, и новото на водата опаднало во бројни подрачја. Воени хеликоптери и бродови ја продолжуваат потрагата по преживеани и им доставуваат неопходни работи на луѓето во погодените подрачја. 

Спасувачите вчера пронашле најмалку 30 тела, со што бројот на жртви во Керала пораснал на преку 400.

Околу 725.000 луѓе се сместени во прифатни центри во таа држава.

"Вкупниот број на бегалци во 5.654 хуманитарни центри се кренал на 724.649", рекол вчера претседателот на владата во Керала, Пинараџи Виџајан.

Поради загадувањето на воата и лошите хигиенски услови властите се плашат од појава на нови болести, а во селата се пратени санитарни службеници.

Штетата од поплавите засега се проценува на три милијарди долари, но се очекува да расте и натаму.




Спонзорирани линкови

Маркетинг