Турската лира повторно падна по заканите од Трамп

Макфакс

18/08/2018

11:02

1.634

Големина на фонт

а а а

Турската лира денеска повторно падна, по тридневен раст, бидејќи САД се заканија со нови санкции.

Лирата падна околу четири отсто на 6,05 за еден долар, бидејќи претседателот на САД, Доналд Трамп на „Твитер“, најави нови казнени мерки поради затворањето на американскиот свештеник, Ендрју Бранон, кој би можел да добие 35 години затвор поради шпионажа и тероризам.

Турската министерска за трговија, Рухар Пекцан, рече дека Анкара ќе возврати на новите трговски наметнувања.

Рушејќи ја надежда за брзо решавање на конфликтот, турскиот суд денеска ја отфрли жалбата за ослободување на свештеникот од куќен притвор. САД веќе воведија санкции за двајца турски министри и ги удвоија царинските наметнувања за турскиот челик и алумииум. Турција возврати со царини на увозната стока од САД, во вредност од 533 милиони долари и најави бојкот на американските електронски уреди.

Дипломатскиот спор го засили загриженоста на инвеститорите за турските економски проблеми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг