Кинезите имаат ново тајно оружје: Печатат пари со полна пареа, но не свои!

Точка

17/08/2018

21:44

7.308

Големина на фонт

а а а

Кина работи со полна пареа за да ги задоволи високите квоти за печатење на валутите кои ги поставила владата оваа година, иако јуанот е "само мал дел од побарувачката".

Кина на големо печати странски валути, бидејќи сака да го зголеми своето влијание на светската економија и геополитика, се наведува во статијата на "The South China Morning Post". 

Според оваа публикација, која наведува разни извори од кинеската корпорација за печатење и ковање на пари, фабриките за производство на готови пари ширум земјата работат во полн капацитет за да ја исполнат високата квота која владата ја одредила за оваа година, иако јуанот претставува само "мал дел од налогот".

Последните години, појавувањето на електронскиот платежен систем во Кина значително ја намалил употребата и побарувачката за пари, што довело до затворање на многу печатници. Меѓутоа, оваа ситуација се променила на почетокот на оваа година, со изненадното доаѓање на големите налози. Службениците на најголемите кованици во земјата, во Баодинг, велат дека нивните машини работат со полна пареа во текот на последните неколку месеци.

Еден работник од фабриката во Куншан известил дека минатата година била посебно лоша, и дека немало ништо, а дека обемот на оваа година е полн.

Според зборовите на овој извор, повеќето испечатени пари не биле јуани. "Обработката е различна. Книжните пари варираат од земја до земја, а секој клиент има свои барања", објаснил тој.

Во статијата која неодамна ја објавил "China Finances" Лиу Гуишенг, претседател на корпорацијата, известил дека земјата навистина неодамна почнала да печати странски валути. Со започнувањето на проектот "Еден појас, еден пат" во 2013. година, започнало печатење на банкноти од 100 рупии за Непал, а потоа се склучиле договори со неколку земји, меѓу кои Тајланд, Бангладеш, Шри Ланка, Малезија, Индија, Бразил и Полска.

Меѓутоа, ова би можело да биде само врв на ледениот брег, со оглед на тоа дека реалниот број на земји кои печатат или планираат да ги печатат своите пари во Кина би можел да биде многу поголем, како што открил изворот на државната печатарска корпорација, додавајќи дека некои влади побарале од Пекинг да не ги открива договорите, бидејќи тие се загрижени дека таквите информации би можеле да ја загрозат националната безбедност или да предизвикаат непотребни дебати дома.

Во тој контекст, Ху Сингдоу, професор по економија на Технолошкиот институт во Пекинг, нагласил дека земјата мора да има значајна доверба во кинеската влада да и дозволи да ги печати нејзините пари.

"Бидејќи Кина станува се посилна и поголема, таа ќе го предизвика системот на вредности поставен до Западот", предвидува овој професор, велејќи дека печатењето на пари за други земји е важен чекор во тој процес. "Валутата е симбол на суверенитетот на една држава. Оваа работа помага да се изгради доверба, па дури и монетарни сојузи", рекол тој.

Од друга страна, како што објаснува горенаведената статија, некои безбедносни решенија кои се потребни за печатење на пари, како што се жица, метална лента или боја, подразбираат значајни надомести за лиценца, а многу земји не можат да си дозволат да ги испечатат сите пари кои им се потребни.

Во меѓувреме, кинеската компанија "Dongchao Special Security Technolgy" денес е најголем светски провајдер на безбедносни карактеристики на банкноти.

Индустриските извори велат дека една од главните предности на овие компании е тоа што можат да обезбедат безбедносни решенија по релативно ниска цена во споредба со своите технолошки понапредни западни ривали.



Спонзорирани линкови

Маркетинг